Лука Модриќ не е премногу активен на социјалните мрежи, но овојпат не пропушти да се пофали со својот нов миленик – паметен велосипед.
Ноќна прошетка – напиша Модриќ, под сликата на велосипедот, кој во себе крие многу функции.
View this post on Instagram
Станува збор за велосипед од марката „Грејп“ (Greyp), која е една од најлуксузните на пазарот. Моделот што го вози хрватскиот фудбалер „Грејп Г6 Х Лимитед“, е произведен во ограничена серија од 100 примероци и е со цена од 13.999 евра.
Го произведува компaнија формирана во Хрватска и на него има јаглеродни тркала, електричен мотор, ГПС, ВиФи, камера за рикверц …
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.