Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Лук Шо вели дека доаѓањето на Оле Гунар Солскјер во Манчестер Јунајтед ја вратило позитивната атмосфера во клубот и ја посочи главната разлика помеѓу Норвежанецот и Жозе Мурињо.
Оле има целосно поинаков стил на игра и ние се адаптираме на тоа и уживаме во моментов. Има одлична атмосфера околу Керингтон со враќањето на Оле, а ние сме исправени пред многу добри работи.
Тој е многу позитивен и пријателски настроен човек кој го знае овој клуб многу добро. Ние сите го поддржуваме и му посакуваме се најдобро, исто како што тој ни посакува нам. Мора да работиме заедно и да продолжиме да работиме правилно задржувајќи ги насмевките на нашите лица и продолжувајќи да победуваме на натпреварите, истакнал Шо за „Скај Спортс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.