Поранешниот тренер на Манчестер јунајтед, Луј Ван Гал, верува дека оваа година титулата ќе ја освои Ливерпул по речиси три децении пауза. Холанѓанецот е убеден дека Ливерпул конечно ќе биде шампион без разлика на квалитетот на тимот на Пеп Гвардиола.

Ливерпул има огромен квалитет. Факт е дека Сити има подобри фудбалери, но во исто време тоа е слабост за тимот на Гвардиола. Тие играат напаѓачки фудбал, но кога се бранат изгледаат ужасно. Ливерпул е тим, кој е во состојба подобро да се брани. Ако треба, би се обложил дека екипата на Јирген Клоп ќе биде шампион, смета Ван Гал.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.