Шпанскиот фудбалски селектор Луис Енрике не сакал да влегува во длабоки анализи, оставајќи си себеси и на своите фудбалери да се израдуваат на важната победа по 120 минути.
– Симон има одличен карактер. Мојата екипа многу ризикува, но тоа е начинот на кој игра оваа репрезентација. Да бидам искрен, во еден момент бев загрижен дека ќе загубиме. Но, тогаш се појави Мората и постигна прекрасен гол. Среќен сум за него. Паднавме пред крајот на регуларниот дел, не постигнавме гол повеќе кога се кршеше резултатот, но на крајот заслужено победивме. Тешко е сега да каже што можевме подобро, – изјави шпанскиот селектор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.