Фудбалерите на швајцарски Јанг Бојс, португалска Бенфика и шведски Малме изборија синоќа пласман во групната фаза во новата сезона од Лигата на шампиони (ЛШ).
Јанг Бојс и во реваншот во Будимпешта го совлада Ференцварош со 3:2 и со вкупен резултат од 6:4 го елиминираше унгарскиот шампион.
Бенфика во Ајндховен одигра без голови, иако еден час играше со фудбалер помалку, и со тоа ја одбрани предноста од 2:1 стекната минатата недела на домашен терен во Лисабон, додека Малме пласманот во „елитата“ го избори и покрај поразот од бугарски Лудогорец од 2:1, откако во првиот натпревар триумфираше со 2:0.
Преостанатите три учесници во ЛШ ќе бидат познати вечерва по реванш пресметките меѓу Динамо Загреб и Шериф (0:3), Брондби – Салцбург (1:2) и Шахтјор – Монако (1:0).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.