Контроверзната одлука на шпанскиот судија Хезус Хил Мансано да не им дозволи на фудбалерите на Црвена звезда да изведат корнер кој ќе им беше последна шанса да постигнат гол и да победат Милан на синоќешното гостување во Милано, ги налути „црвено-белите“ од Белград, а денеска по враќањето дома, Ц. Звезда приреди шоу за навивачите кои ги пречекаа како херои и сепак изведе корнер по кој даде гол.
Тренерот Дејан Станковиќ беше во улога на изведувач на корнерот, а Милан Павков до глава ја испрати топката во голот на помошниот терен на Ц. Звезда. Кога топката влезе во голот, сите играчи почнаа да слават, а на трибините навивачите „грмеа“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.