Вакво нешто досега не е видено, а се случи вечерва во Сао Паоло на Суперкласикото помеѓу Бразил и Аргентина, откако после пет минути, полиција и здравствени власти влегоа на терен и го прекинаа мечот за да „уапсат и депортираат“ четворица „гаучоси“.

Аргентинците имаат четворица спорни фудбалери од Англија, Ло Селсо, Мартинез, Буандиа и Ромеро, а тие „излажале“ дека не дошле од Велика Британија, па избегнале 14-дневен карантин, кој е задолжителен за секој што доаѓа во најфудбалската земја од Островот, Јужна Африка и од Индија.

Аргентинците после ова се повлекоа, како и судиите, а бразилските фудбалери тргнаа да се натегаат, но без ефект да се смени ситуацијата. Поради рестриктивните перки Премиерлигата одби да пушти девет клучни фудбалери за Бразил.

Преземено од Спорт 1.мк


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.