Пред вечерашната пресметка помеѓу Лидс и Дерби и претходеше несекојдневен инцидент во кој тренингот на Дерби бил прекинат поради сомнително лице кое стоело покрај оградата. Лидс на нашиот Алиоски е лидер на табелата по 26. кола, но до крајот на сезоната има уште многу, па очигнедно неговиоте тренер, Марсело Биелса прави сè што може за да ги однесе „белите“ во елитата.
Сепак, последниот потег на „лудакот“ Биелса направи циркус во втората лига на Англија. Полицијата се појавила на синоќешниот тренинг на Дерби, а Франк Лампард дури бил проморан и да ја прекине сесијата бидејќи имало сомнително лице крај оградата.
По извршениот претрес, било установено дека се работи за вработен во Лидс јунајтед, кој со себе имал двоглед и клешти. Шпионот сепак не бил приведен, а по направените проверки лицето било пуштено на слобода. Медиумите од Англија пренесуваат дека од таборот на Дерби поднеле жалба до фудбалските власти поради инцидентот, „овните“ исто така соопштија и дека стапиле во контакт со Лидс и бараат објаснување на целата ситуација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.