Екипата на Ајакс синоќа издвојува изненадувачка победа во Торино и со 1-2 го совлада италијанскиот шампион и обезбеди полуфинале во Лигата на Шампионите. Роналдо го отвори резултатот за домаќините во 28. минута, за Ван дер Бек да израмни на 1-1 само шест минути подоцна.
Холанѓаните во второто полувреме влегоа многу подобро, доминаираа на сите делови од теренот и креираа добри акции и шанси против анемичнниот Јувентус. Гостите доминацијата ја материјализираа преку ниниот капитен Матијас де Лихт кој стрелаше прецизно со глава по еден корнер во 67 минута.
Италијанскиот тим беше немоќен до крајот на мечот, па Ајакс заслужено обезбеди полуфинале .
Во вториот четрвртфинален меч од вчерашната програма во елитното фудбласко натпреварување, Барселона рутински го совлада Манчестер Јунајтед со 3-0. Меси постигна два погодоци во првиот дел, а конечниот резултат го постави Кутињо во 61. минута. „Каталонците“ за полуфиналето ќе го чекаат подобрите од двомечот Ливерпул – Порто (2-0 во првиот натпревар), а Ајакс ќе си ги одмери силите со Тотенхем или Манчестер Сити (1-0 во првиот меч) кои вечерва ќе играт на „Итихад“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.