Репрезентациите на Чешка и Хрватска ги поделија бодовите во меѓусебниот натпревар од второто коло од групата Д на Европското првенство играјќи натпревар без победник кој заврши со резултат 1:1.
Чешка прва стигна до предност со голот на Патрик Шик кој беше прецизен од белата точка откако претходно врз него беше направен спорен пенал од страна на Дејан Ловрен.
Фудбалерот од одбраната на Хрватска по крајот на средбата упати критики до главниот судија, Дел Серо Гранде кој досуди пенал за дуел кој е често виден во фубалот.
– Како да не бидам разочаран? Јас воопшто не го видов Шик. Одев на топката и тоа беше природна позиција на моите раце. Така скокам цел живот. Како да скокам? Како свеќа, без раце? Никогаш не би судел пенал за такво нешто. Дури ни судијата не го виде тоа во тој момент, туку подоцна ја однесе одлуката, -изјави видно разочараниот Ловрен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.