Хрватскиот фудбалски стручњак, Нико Ковач може да го напушти Монако оваа зима. Според „Л’Екип“, причина за евентуалниот отказ може да биде недостатокот на напредок во тимот, како и се позаладениот однос помеѓу тренерот и играчите.
Сепак, одлуката може да биде одложена до крајот на сезоната.
Оваа сезона Монако има постигнато 29 поени на 19 првенствени натпревари во Франција, а исто така се пласираше во плејофот во Лига Европа како првопласиран во својата група.
Да потсетиме дека Ковач стана тренер на АС Монако летото 2020 година. Неговиот договор со клубот е до 2023 година
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.