Босанскиот фудбалер Миралем Пјаниќ е позитивен на коронавирусот, потврдија вечерва од ФК Барселона. Тој требаше да пристигне во Шпанија и да почне со активности со тимот, но ќе мора да почека.
Пјаниќ се чувствувал добро и нема симптоми. Тој е во домашна изолација.
Ова е многу лоша вест за селекторот на БиХ, Душан Бајевиќ, затоа што Босанците ќе играат во Лигата на нации против Италија и Полска на почетокот на септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.