Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги го тужи „кралскиот клуб“ поради прерано раскинатиот договор. Лопетеги од судот во Шпанија ќе бара отштета вредна 28 милиони евра, откако не успеа да постигне договор со Флорентино Перез околу висината на отпремнината што требаше да ја добие при добиениот отказ.
Шпанецот минатото лето потпиша тригодишен договор со „кралевите“, што значеше напуштање на репрезентацијата на Шпанија непосредно пред започнувањето на Светското првенство во Русија.
Шпанскиот стручњак, наводно по долго размислување , одлучил на тимот од Мадрид да му направи уште еден проблем и да поднесе тужба против него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.