Одличната сезона на Ливерпул оваа сезона по се изгледа ќе резултира со нов спонзорски договор и тоа со рекорден износ. Како што јавува „Дејли мејл“, клубот преговара за обновување на актуелниот договорот со добавувачот на спортска опрема „Њу Баланс“ кој на „црвените“ ќе им донесе 80 милиони фунти по сезона.

Доколку се постигне согласност за новиот договор, тоа ќе биде рекорд во Премиер лигата. Досегашниот рекорд го држи Манчестер јунајтед, кој добива 75 милиони фунти од „Адидас“.

Ливерпул е лидер во Премиер лигата по 18 кола со четири бода предност пред Манчестер Сити.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.