Британскиот новинар, Роб Харис објави колку потрошиле премиерлигашите во тековната сезона за исплати на агентите на своите фудбалери. Убедливо прв на оваа листа е Ливерпул со 43,8 милиони фунти, пред Челзи со 26,9 и Манчестер сити 24,1.

Во Топ 5 се и Манчестер јунајтед со 20,8 и Евертон со 19,1.

Најмалку пари заработиле агентите кои ги застапуваат фудбалерите на Барнли – 3,9 милиони.

Вкупно клубовите од насилната фудбалска лига во Англија за исплати на агентите издвоиле 260,66 милиони фунти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.