Напладне во Нион извлечени беа двојките за осминафиналето во Лигата на Шампионите. Како и секогаш и годинава најелитното фудбалско натпреварување ќе донесе возбудливи дуели, па италијанскиот шампион Јувентус ќе игра против Атлетико Мадрид, Ливерпул ќе оди на мегдан со Баерн Минхен, а ПСЖ го очекува двомеч со Манчестер Јунајтед.

Првите натпревари се закажани за на 12-13 и 19-20 февруари 2019, додека реваншите на 5-6 и 12-13 март. Големото финале ќе се одржи на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид, на 1 јуни.

Осминафинални парови:

Шалке 04 – Манчестер Сити

Атлетико Мадрид – Јувентус

Манчестер Јунајтед – ПСЖ

Тотенхем – Борусија Дортмунд

Лион – Барселона

Рома – Порто

Ајакс – Реал Мадрид

Ливерпул – Баерн Минхен



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.