Раководството на Ливерпул не е загрижено од гласините за евентуален трансфер на Садио Мане во Реал Мадрид. Медиумите на Островот се убедени дека Ливерпул нема да го продадe Сенегалецот за ниедна цена, иако нивните колеги во Шпанија и понатаму инсистираат дека Мане е заинтересиран за трансфер во Реал.

Крилниот напаѓач потпиша нов долгорочен договор во ноември кој важи до 2023 година. Поради оваа причина од „Енфилд“ не обрнуваат никакво внимание на гласините и се цврсто решени да ја отфрлат секоја понуда од Реал, без оглед на големината на сумата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.