Англискиот фудбалски прволигаш Ливерпул го назначи денеска 59-годишниот Германец Јорг Шмадтке за нов спортски директор.

Шматдке, кој официјално ќе стапи на должноста на 1 јуни, потпиша краткорочен договор со Ливерпул со можност за продолжување на соработката.

Новиот спортски директор на Ливерпул доаѓа на местото на Џулијан Ворд кој повеќе од една деценија извршуваше разни функции во англискиот гигант.

„На Џулијан и неговото младо семејство му посакуваме сè најдобро во иднина и му благодариме на сè што направи за Ливерпул во текот на изминатите 11 години“, се наведува во клупското соопштение.

Ливерпул, кој од клупата го води сонародникот на Шмадтке, Јирген Клоп, оваа сезона ја заврши на петтото место во Премиер лигата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.