Екипите на Ливерпул и Тотенхем обезбедија пласман во нокаут фазата во Лигата на шампионите откако вечерва се изборија за второто место во групите Ц и Б.

На „црвените“ им требаше победа на домашен терен, а тоа успеаја да го направат и славеа минимално над Наполи. Салах беше стрелец на единствениот гол во првиот дел, а тимот од Енфилд имаше и среќа кога во самиот финиш на мечот Милик не ја затресе нивната мрежа од само неколку метри. Во истата група лесна задача имаше ПСЖ кој со победата од 1-4 над Црвена Звезда го завери првото место во групата.

Тотенхем пак имаше тешка задача на Ноу Камп каде против Барселона одигра 1-1, но клучно во оваа група беше ремито помеѓу Интер и ПСВ кои исто така одиграа 1-1. Тимот на Интер ја имаше судбината во свои раце и му требаше победа над аутсајдерот од Холандија, која не успеја да ја обезбеди, па бодот на Тотенхем му беше доволен за второто место во оваа група каде каталонците минаа како први.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.