Ливерпул со 1-3 го победи Баерн Минхен на гостински терен со што стана четвртиот тим од Англија кој ќе игра во четвртфиналето во Лигата на Шампионите оваа година. Честа на Шпанците ќе ја брани само Барселона која со 5-1 го совлада Лион.
Резултатот на Алијанц беше отворен во 26. минута кога Мане го помина истрчаниот Нојер и даде гол за водство на Ливерпул од 0-1. Во 39. минута Матип ја затресе сопствената мрежа и Баерн Минхен го изедначи резултатот, но поради гол во гости Ливерпул уште имаше предност.
Во 69. минута од мечот по еден центаршут од корнер на Милнер, Ван Дајк постигна гол за ново водство на Ливерпул, а конечните 1-3 ги постави Мане во финишот од мечот со својот втор гол.
Ливерпул им се приклучи на Манчестер Сити, Јунајтед и Тотнем во четвртфиналето од Лигата на шампионите, а од шпанските тимови таму ќе биде само Барселона која вечерва го прегази Лион со 5-1.
Меси даде два гола, имаше и две асистенции, по еднаш погодија Кутињо, Пике и Дембеле. Голот за Лион беше дело на Тусар.
Ова беа последните две средби од осминафиналето, каде покрај Барселона и Ливерпул понатаму продолжуваат Манчестер Јунајтед, Ајакс, Тотенхем, Јувентус, Порто и Манчестер Сити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.