Италијанскиот фудбалски стратег Клаудио Раниери нема подобро да го памети своето враќање во Премиер лигата, откако неговиот нов клуб Ватфорд попладнево загуби на домашен терен од Ливерпул со 5-0.

Особено инспириран беше Роберто Фирмињо, кој постигна хет – трик, а стрелци во триумфот на Ливерпул беа и Садио Мане и Мохамед Салах.

Ливерпул со триумфот изби на чело на табелата со 18 бодови, два повеќе од второпласираниот Челзи, кој има натпревар помалку. Ватфорд со седум бодови е на 15. место, четири бодови над зоната за испаѓање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.