Ливерпул е нов европски фудбалски првак откако вечерва во Мадрид во финалето на Лигата на шампионите го победи Тотенхем со 2-0. Ова е шеста титула за Ливерпул во најсилното клупско фудбалско натпреварување во Европа.
Ливерпул до победата дојде со два гола, едниот постигнат во втората минута од првиот дел, што го постигна Мохамед Салах од пенал, а вториот на две минути до крајот, кога триумфот го потврди Дивок Ориги по еден корнер.
Во периодот меѓу тие два гола имаше изедначена игра, со блага доминација на Тотенхем, но без некои поголеми шанси да се промени резултатот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.