По успешната сезона, Ливерпул веројатно нема многу да го променуваат тимот, но сепак тие планираат да инкасираат околу сто милиони фунти со продажбата на фудбалери кои не се во плановите на Јирген Клоп. На излезни врати од „Енфилд“ е Марко Грујиќ кој сезонава настапуваше во Херта, а за кого Ливерпул ќе бара околу 20 милиони фунти.

Уште еден фудбалер од кој најверојатно Ливерпул ќе се откаже е Хари Вилсон кој солино се снајде во Дерби Каунти. За него „црвените“ очекуваат да добијат околу 20 милиони фунти.

За околу 15 милиони фунти клубот ќе го напушти Натаниел Клајн, додека Симон Мињоле би бил продаден за околу 10 милиони фунти.

Клубот ќе го напуштат и уште неколкумина младинци, па и со нивната продажба Клоп планира да инкасира околу 100 мил. фунти со кои ќе финансира два поголеми трансфери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.