Францускиот прволигаш Лил сака во своите редови да го донесе играчот од средниот ред на Баерн М., Ренато Санчез, објави „Билд“. Претходно се појавија информации дека Санчез сака да го напушти германскиот клуб за да добие повеќе минутажа претстојнава сезона.
Санчез се пресели во Баерн од Бенфика по победата на Еуро 2016 година. Во истата година, тој ја доби наградата „Златно момче“ за најдобар млад играч на годината.
Минатата сезона тој одигра 24 натпревари и постигна два гола, но се уште ги нема оправдано очекувањата на управата на баварците, како и на фудбалската јавност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.