Првиот полуфиналист во Лигата на Европа е Интер, кој на неутрален терен во Германија го совлада Баер Леверкузен со 2:1. Италијанскиот тим ќе игра против Шахтјор или Базел во борбата за финалето, а името на ривалот ќе го дознаат во утревечер.
Барела го отвори резултатот во 15. минута, а Лукаку резлизираше за 2:0 во 21-та. Ѕвездата на „аспирините“, Каи Хаверц врати еден гол четири минути подоцна, но до крајот немаше други голови.
Финалето на второто најсилно европско натпреварување се игра во Германија, а финалето е закажано за 21 август на стадионот во Келн.
Во вториот дуел вечерва, Манчестер Јунајтед на „Реин Енерџи“ стадионот во Келн игра продолженија со Копенхаген, откако регуларниот дел заврши без голови.
„Црвените ѓаволи“ или Данците во полуфиналето го чекаат победникот од мечот Волверхемптон – Севиља
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.