Лидс попладнево соопшти дека Езгјан Алиоски заминува од „Еланд Роуд” откако не прифатил ниту една понуда за продолжување на договорот.

Авантурата на Езгјан Алиоски во Лидс и официјално заврши, по четири години поминати во „белиот“ дрес, Македонецот заминува од „Еланд Роуд“.

Попладнево, Лидс соопшти дека не успеале да постигнат договор со популарниот Џани за продолжување на соработката и покрај тоа што биле доставени неколку понуди.

За разделбата со левиот бек, спортскиот директор Виктор Орта рече: „Знаев дека Џани ќе биде специјален од првиот миг кога влезе во зградата. Емоциите кои ги видов на неговото лице, и лицата на неговите родители кога беше потпишан договорот на „Еланд Роуд“ беше навистина убав момент и бев убеден дека ќе го даде максимумот за Лидс. Дури и ги надмина првичните очекувања“.

„Џани беше неверојатен и на теренот и надвор од него. Ќе им недостига на соиграчите и целиот персонал во „Торп Арч“ и „Еланд Роуд“. Сакам да му се заблагодарам на Џани за сѐ и да му посакам многу успех во иднина“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.