Германскиот селектор, Јоаким Лев даде свој коментар на ситуацијата со коронавирусот во светот. Ова веројатно е една од оние кои му привлекуваат најголемо внимание. Тој објасни зошто на светот му случил коронавируост и порача дека можеби сето ова и сите заедно сме го заслужиле.

Во последните неколку дена длабоко размислував. Ми изгледа како светот да доживува колективна катарза. Имам чувство дека природата се спротистави на човечкото однесување бидејќи начинот на кој живеевме и работевме во последните години беше неодржлив. Бевме свртени кон парите, силата, моќта и што поголемиот профит. Воопшто не се интересиравме за гладот во светот, приордните катастрофи. Сега сме соочени со нешто кое не погодува сите, конечно сфативме што всушност е важно во животот, изјави Лев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.