Крилото на Манчестер Сити, Лерој Сане е подготвен летово да се пресели во Баерн Минхен, јавува „90мин.дe“. Пред неколку дена беше објавено дека германскиот репрезентативец се чуствувал навреден од Баварците поради фактот што го одбиле пред неколку години, кога тој се уште го носеше дресот на Шалке.

Сепак, Сане не е задоволен од статусот резерва во Сити од минатата сезона и се плаши дека ситуацијата за него нема да се промени. Поради оваа причина, тој е подготвен да се пресели кај „баварците“.

Тимот од Минхен Пак итно бара ново крило по заминувањето на легендите Френк Рибери и Ариен Робен. Како што јавува германскиот медиуми, на Сане дури и му се ветува стартно место за да се пресели во најуспешниот германски клуб.

Сити е подготвен да го продаде Сане за околу 100 милиони евра, средства со кои би го ангажирале бразилскиот репрезентативец Евертон, информира „Скај Спортс“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.