Германскиот фудбалски репрезентативец, Леон Горецка, договори нов договор со Баерн Минхен, со кој ќе остане член на баварскиот клуб до 2026 година.
Со новиот договор 26-годишниот Горецка стави крај на шпекулациите, дека на крајот на сезоната како слободен фудбалер ќе ја напушти Германија.
Горецка дојде во редовите на Баерн во 2018 година од Шалке и со Баварците ја освои Лигата на шампиони и три германски титули.
Со Баерн веќе освоив многу трофеи, а ќе биде уште поубаво доколку сето тоа продолжиме да го повторуваме – изјави Горецка по потпишувањето на договорот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.