Лука Модриќ е еден од најдобрите хрватски фудбалери во историјата, а тоа го потврди и на натпреварот против Шкотска на Европското првенство.

На оваа средба, Модриќ ја затресе противничката мрежа во 62 минута, со што, освен што на Хрватска и донесе предност, Лука направи уникатен успех во светскиот фудбал.

Со голот против Шкотска, Модриќ стана единствениот фудбалер кој е истовремено најмлад и највозрасен стелец за својата репрезентација на едно Европско првенство.

Модриќ во 2008 година на дуелот против Австрија на свои 22 години и 273 дена стана најмлад стрелец на Хрватска на едно ЕП, додека, пак, на дуелот против Шкотска стана и највозрасниот, со наполнети 35 години и 286 денови.

Инаку, голот протигв Шкотска, за Модриќ е 18 во дресот на националниот тим.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.