Христо Стоичков, поранешниот освојувач на „Златната топка“ и најдобриот фудбалер на сите времиња во Бугарија емотивно ги коментираше нередите во Софија на стадионот „Васил Левски“, кога англиските фудбалери беа навредувани на расна основа од бугарските хулигами.

Стоичков се расплака среде емисија на мексиканската телевизија, засрамен од своите сонародници.

„Решението е тие луѓе да се избркаат од стадион. Или уште поригорозни мерки, како во Англија пред многу години – пет години забрана за натпревари. Да научат еднаш засекогаш“, рече Христо, пред да запачне во емотивен плач.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.