Поранепниот бразилски фудбалер и легендарниот играч на Барселона, Роналдињо, уапсен е во Парагвај во текот на пасошката контрола кога се обидел да влезе во земјата, пренесуваат од „Diario Ole“ од Аргентина.
Роналдињо поседувал лажен пасош на кој пишувало дека е државјанин на Парагвај, односно дека по националност е Парагваец.
Луѓето од пасошката контрола ја забележале нелогичноста, повикале полиција и Роналдињо и неговиот брат со полициска придружба биле однесени во хотел кој што не смеат да го напуштат до утре во осум часот наутро.
Да ве потсетиме дека минатата година, во месец мај, врховниот суд од Бразил ја потврдил одлуката од судот на поранешниот репрезентативец на Бразил и неговиот брат Асис Мореора да им бидат одземени пасошите.
Во образложение за одлуката се наведувало дека на Роналдињо не смее да му се дозволи излегување од земјата се додека не завшри постапката која се води против него поради “криминален удел против животната средина“, пренесуваат од „AP“.
Роналдињо е осуден да плати казна од 2.1 милиони долари, а бидејќи не го направил тоа, во ноември минатата година му бил одземен личниот пасош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.