Францускиот шампион, Пари Сен Жермен го потврди трансферот на 24-годишниот аргентински интернационалец, Леандро Паредеш. Тој пристигна на „паркот на принцовите“ од руски Зенит за сума од 40 милиони евра, а со „светците“ потпиша договор до 2024 година.

Претходно за Аргентинецот се интересираше и тимот на Челси кој се договорил со Зенит за оштетата, меѓутоа самиот Паредеш избрал да се пресели во ПСЖ.

Многу сум горд што се преселив во ПСЖ. По моите претходни искуства во Италија и Русија, сега дојде и оваа фантастична шанса, не само да откријам нова лига туку и да го носам дресот кој е еден од најпрестижните дресови во светот, изјавил 24 годишниот фудбалер на неговата презентација во новиот клуб.

Играчот од средниот ред во тимот на ПСЖ ќе го носи дресот со број 8.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.