Најдобриот македонски ракометар и селектор, Кирил Лазаров не штедеше зборови за победата на подвигот на македонската фудбалска репрезентација која во гости ја победи Германија со 2-1 и и го нанаесе првиот пораз во квалификациите по пауза од 20 години.

Честитики до сите фудбалери, селекторот, капитенот Горан Пандев и сите инволвирани кои придонесоа за оваа голема победа на Македонија. Во професионалниот спорт нема случајности, ниту среќа, среќата се заслужува со посветеност, верба, ентузијазам и борба до крај. Македонскиот спорт станува нашиот најголем амбасадор во светот, спортистите се најголеми амбасадори…
Ви честитам од срце и само напред кон нови победи, покажавте дека имате ментална сила, карактер, македонски инает, интелегенција…
Ви посакувам многу среќа на Европското првенство. Одиме заедно кон во нови победи за Македонија“, им порача Лазаров.

Germanija Makedonija 1-2⚽️
Cestitki do site fudbaleri,selektorot,kapitenot Goran Pandev i site involvirani koi…

Posted by Kiril Lazarov 7 on Wednesday, 31 March 2021



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.