Новиот менаџер на Челси, Френк Лампард, смета дека на тимот не му се потребни никакви нови засилувања за успешна сезона 2019-2020. Како што е познато, англискиот клуб има забрана за трансфери од ФИФА до следното лето.
Лондонскиот тим пристигна денес во Јокохама, каде во петок ќе играат контролна средба како дел од нивната пред-сезонска подготовка против јапонскиот шампион Кавасаки.
Наследив многу добри играчи. Свесен сум дека не можеме да земаме нови оваа година, но не сметам дека имаме таква потреба. Задоволен сум од составот со кој располагам. Верувам дека ќе имаме успеси. Имам свој план за дејствување. Работиме заедно една недела, и јас сум многу задоволен од ставот на играчите и од квалитетите што ги покажуваат, прокоментира Лампард.
Челзи ова лето се раздели со Еден Азар – неговата најголема ѕвезда во последниве години, кој замина во Реал Мадрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.