Откако изминатиов викенд италијанските медиуми објавија дека Лацио е сериозно заинтересиран за македонскиот репрезентативец од Динамо Загреб, Аријан Адеми за кој нуди 10 милиони евра, денеска дел од спортските медиуми на „чизмата“ пишуваат дека и Стефан Ристовски е желба на клубот од Рим.

Римјаните сакаат да го купат Давиде Ѕапакоста од Челси, но во последниот период речиси сигурниот трансфер полека се изјаловува, а на Симоне Инѕаги му се брза да најде добар десен бек. Втора опција, која е и далеку поевтина, е десниот репрезентативен бек во Спортинг Лисабон, Ристовски.

Наводно, за околу 7 милиони милиони евра, Лацио би можел да го добие Ристовски, кој веќе има искуство од играње на Апенините зашто беше дел од Парма, Латина, Фросиноне, Специја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.