Екипата на Лацио вечерва го доби дербито на Рим, на „Олимпико“ славеше со убедливи 3-0 против Рома.

Како ретко кога оваа сезона, домаќините одиграа одлично пред своите гледачи, а головите за победничката екипа ги постигнаа Каиседо, Имобиле и Каталди. Коларов заработи црвен картон во финишот на мечот.

Со оваа победа, Лацио има 41 бод, а Рома останува на досегашните 44. Лацио е шести на табелата, Рома е петта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.