Римски Лацио е нов фудбалски супершампион на Италија, откако во Суперкупот го совлада првакот Јувентус со 3:1.
Луис Алберто, Лулиќ и Каталди погодија за Лацио, а стрелец на голот за „старата дама“ беше Дибала кој со четири гола (сите против Лацио) во ова натпреварување е нов рекордер. Мечот се играше во Саудиска Арабија.
Ooohhhhh what a strike 😍
Lazio seal a #SupercoppaItaliana win with a SENSATIONAL free-kick deep into stoppage time!
Inch perfect! Danilo Cataldi take a bow 🙌 pic.twitter.com/I5WiEUnp1w
— Football on BT Sport (@btsportfootball) December 22, 2019
Лацио по петти пат е освојувач на италијанскиот суперкуп, додека Јуве остана на осум. Лацио и пред две недели го совлада Јувентис со 3:1, тогаш во Рим во дуел од првенството. За Кристијано Роналдо заврши убавата серија од 11 добиени финалиња по ред, а тренерот Маурицио Сари ќе треба во друга прилика да ја чека својата прва титула со италијански клуб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.