Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола изјави дека Роналд Куман заработи право на работа барем уште една година во Барселона.

– Куман е совршен тренер за Барселона следната сезона. Драго ми е што претседателот на клубот, Жоан Лапорта, го разбира ова. Минатата сезона беше тешка за сите. Роналд заслужува да добие уште една година, веќе со навивачи на трибините за време на натпреварите. Покрај тоа, вторите сезони обично излегуваат подобри за секого отколку  првата. Барселона покажуваше добар фудбал од време на време и беше една од најдобрите во Шпанија во изминатата сезона, го цитира „Гол“ Гвардиола.

Шпанскиот тренер ја водеше Барселона од 2008 до 2012 година.

Роналд Куман стана главен тренер на Барселона летото 2020 година. На 3 јуни, претседателот на клубот, Жоан Лапорта, објави дека холандскиот фудбалски стручњак ќе остане во каталонскиот клуб и за сезоната 2021/22.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.