Тренерот на Барселона, Роналд Куман, во интервју за Марка ги коментираше долговите на каталонскиот клуб на крајот на минатата година.

– Сите клубови губат пари за време на пандемијата на коронавирус. Барселона не е исклучок. Страдаме од недостаток на навивачи, туристи, така што има такви проблеми. Дали има проблеми со платите на играчите? Не можам да го кажам тоа. Но, сите се согласивме на пониски плати и со тоа му помогнавме на клубот, изјави Куман.

Минатата недела беше објавен финансискиот извештај на Барселона, кој зборува за долг од повеќе од милијарда евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.