Тренерот на Барселона, Роналд Куман, би сакал да го ангажира напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, во летниот преоден рок. објави на Твитер .

Според информацијата што на Твитер ја објави новинарот Франческ Агилар, 57-годишниот тренер смета дека трансферот на Лукаку ќе биде поисплатлив за клубот,отколку купување на напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд.

Дваесетгодишниот Норвежанец е желба на новиот претседател на Каталонците, Жоан Лапорта.

Сепак, според сите досегашни информации од Италија, Интер не планира да се раздели со Лукаку. Овој 27-годишен фудбалер оваа сезона одигра 25 натпревари во Серија А, постигнувајќи 18 погодоци и осум асистенции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.