По Луис Суарез, уште тројца фудбалери на Барселона го добија непосакуваниот повик од новиот тренер на тимот, Роналд Куман.

Шпанските медиуми пишуваат дека денешната обврска на холандскиот стратег беше да ги конкактира фудбалерите на кои нема да смета во следната сезона.

Таков повик прв доби Луис Суарез, а истата судбина ја доживеаја уште Ракитиќ, Умтити и Видал. Куман, веднаш по преземањето на тренерската функција во Барса најави големи промени во својот ростер, а по направената чистка сега своите мисли ќе ги насочи кон нивните замени.

Повикот од Куман најмногу ги погодил хрватскиот ас, затоа што неговата желба да се пензионира во Барса нема да му оствари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.