Екипите на Јувентус и на Клуб Бриж се првите две екипи што додјдоа до триумфи во овогодинешното издание на Лигата на шампионите.
Шампионот на Италија славеше со 2:0 на гостувањето против Динамо Киев, со головите на Алваро Мората во 46. и во 84. минута. Голем удел во триумфот на „Страта дама“ имаше и шведскиот интернационалец со македонско потекло Дејан Кулушевски, кој беше асистент при постигнувањето на првиот гол.
Во второто полувреме падна решението и на дуелот меѓу Зенит и Клуб Бриж, во кој славеа Белгијците. Нигериецот Емануел Денис го отвори резултатот во 63. минута, додека победничкиот гол беше дело на Шарл Кетеларе во третата минута од судиското надополнување.
И третиот гол на овој меч беше дело на фудбалер на Бриж, поточно на голманот Итан Хорват. кок во 74. минута со автогол, привремено го изедначи резултатот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.