Домот на дефанзивецот на Барселона, Самуел Умтити бил ограбен за време на натпреварот од 4. коло од шампионатот на Шпанија против Валенсија, пренесува „Ла Вангардија“. Натпреварот се одигра во саботата, а „каталонците“ победија со 5-2.
Полицијата пристигнала по пријава на сосед на францускиот фудбалер. Откриени се траги од крадците и отворен празен сеф. Најмалку четири лица учествувале во грабежот.
Претходно и други фудбалери на каталонскиот клуб беа мета на крадци. Станува збор за Кевин-Принс Боатенг и Жорди Алба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.