Неколку клубови од Серија „А“ не ги плаќале своите играчи од јануари, пренесува „Фудбал Италија“. Зборуваме за најмалку шест од елитните екипи. Тие не ги платиле своите играчи во последните три месеци, бидејќи не можат да се согласат со нив за прашањето за намалување на платите заради кризата со коронавирус.
Имињата на овие клубови не се откриени во Италија.
Информциите велат дека играчите бараат од нивните претставници да гарантираат дека средствата добиени од кратењата на платите ќе одат за помош на персоналот или ќе бидат насочени кон полупрофесионални или женски тимови.
Според публикацијата, некои клубови решиле да ги замрзнат платите за време на преговорите. Како што е познато, Серија А беше тешко оштетена од пандемијата. Заразени со опасниот вирус имаше во најмалку 3 од екипите
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.