Еден од најдобрите фудбалери на светот, Кристијано Роналдо, се искачи на првото место кога станува збор за реклами на неговиот профил на Инстаграм меѓу славните личности. Португалецот  и од тронот го симна американскиот актер Двејн Џонсон.

Роналдо, кој има дури 308 милиони следбеници на Инстаграм, може да наплати 1.6 милиони долари за една рекламна објава на својот профил, објави компанијата „Hooper HQ“ која работи со маркетинг на социјалните мрежи.

Двејн „карпата“ Џонсон кој има 250 милиони следбеници на Инстанграм може да наплати по 1.52 милиони долари за една рекламна објава, додека на третото место е пејачката Аријана Гранде која може да заработи 1.51 милион долари од една објава.

Лионел Меси кој има 224 милиони следбеници има можност да заработи 1.1 милион долари за рекламна објава на својот профил на Инстаграм.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.