Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо им стави крај на гласините за неговата иднина во клубот. Во последните денови на Апенините се шпекулираше дека Португалецот е разочаран од елиминацијата во четвртфиналето во Лигата на Шампионите од Ајакс и планира да си замине од редовите на „црно-белите“.
Сепак, по натпреварот со Фиорентина (2-1), кој го загарантира освојувањето на Скудетото, рече дека нема намера да замине.
Јас сум во Јувентус со 1.000 отсто. Мислам дека ова беше многу добра прва сезона и добро се адаптирав во клубот. Го освоивме Скудетото и Супер Купот на Италија, што не е лесно. По освојувањето на титулите во Англија и во Шпанија, сега можам да се пофалам дека исто така сум триумфирал и во Италија. Тоа беше важно за мене и јас сум среќен, рече Роналдо.
Тој потоа говорел и за неуспехот во Лигата на шампионите.
Не можете секогаш да победувате. Мислевме дека можеме да направиме повеќе, но само еден тим може да ја освои Лигата на шампионите. Следната година ќе отвориме нова страница на турнирот. Навивачите го сакаат истото. Тоа е важен трофеј за нас, но никогаш не е лесно, додал Кристијано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.