Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо, не ја исклучува можноста до крајот на кариерата да заигра за некој клуб од Бразил.
Во интервју за ЕСПН Бразил, Роналдо порачува дека се гледа себеси како игра најмалку до својата 42. година.
Бразил е земја за која знам многу и многу ја почитувам. Никој не може да каже дека е невозможно некогаш да играм таму. Никој немаше да каже дека ќе се вратам во Манчестер јунатед на 36 години, но ете, тука сум. Дали ќе играм во Бразил, не знам. Во моментов не размислувам за такво нешто, но во фудбалот се е можно. Зошто да не во иднина – вели Роналдо.
Во интервјуто, Португалецот вечли дека е голем фан на бразилскте фудбалски легенди како Роналдињо и Роналдо Назарио.
Не би сакал да правам споредби. Би рекол дека Роналдо, Роналдињо и јас, имаме своја сопствена историја и наследство во фудбалот. Можам да кажам дека имам освоено повеќе индивидуални титули од нив двајца, но тие го имаат освоено Светското првенство. Тоа се двајца фудбалери коишто ги гледав додека растев. Ме можам да кажам кој е најдобар, кој е втор .. тоа не е најважно. Сакам да мислам дека и двајцата се мои идоли и дека оставија прекрасна фудбалска историја зад себе – вели Кристијано Роналдо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.