Откако се врати во редовите на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо, воодушевува со своите игри и голови, но огромно внимание во јавноста предизвика со својот нов автомобил.
Португалецот ги изненади фановите на клубот кога на тренинг дојде со својот нов луксузен автомобил Бентли Флаинг Спар (Bentley Flying Spur), возило коешто чини околу 300.000 евра.
Згора на тоа, Роналдо во тренинг центарот на Манчестр не пристигна сам, туку беше придружуван со луѓето од неговото обезбедување, коишто се возеа во луксузен Рејнџ Ровер, кој го користи и Роналдо во одредени прилики.
На овој начин, Роналдо се пофали со својот најнов автомобилски каприц, откако пред неколку недели на тренинг дојде со Ламборгини Урус, вредно 170.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.