Кристијано Роналдо ќе биде дел од експедицијата на Јувентус за првиот меч против Ајакс од Лигата на шампионите (ЛШ) кој ќе се одигра во среда. Сепак, сѐ уште не е познато дали Португалецот ќе се најде во стартниот состав на тимот од Торино на овој натпревар.

Тренерот Алегри викендов изјави дека првата ѕвезда на тимот се чуствува подобро по повредата на мускулот, но сѐ уште нема тренирано со останатиот дел од екипата. До средбата на „Амстердам арена“ има уште два дена, а во таборот на Јуве веруваат ќе донесе простор за дополнително опоравување на Роналдо.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.